Дигитални решенија

со Македонски цени
за Македонски бизниси

Мисијата на 2PeakVentures:

Секој бизнис заслужува да има свое катче на овој голем онлајн свет. Место кое претставува дом и не подлежи на корпоративно влијание, дизајнирано по потребите и барањата на Вашиот бизнис - за фер цена со дологорочна подршка и искрена соработка.

често поставувани прашања

Како се одредува цената за мојата страница?

Цената зависи од комплексноста на бизнисот и вашите потреби. Комплексноста овозможува соодветна адаптација на цената. Подесувањето на една веб-страница се состои од четири типа на услуги: подесување на хостинг-сервер, подесување и поврзување на домен и хостирање, конфигурирање и тековно одржување. Ако станува збор за статична веб-страница која не бара често одржување, трошоците се минимални. Ако станува збор за комплексна веб-продавница која бара секојдневен фокус од повеќе од 4 часа дневно, цената ќе биде соодветно адаптирана.

Рангирањето на вашата идеја според категории на комплексност се врши по детална анализа од страна на изведувачот и двострана согласност за резултатите од анализата.

Сите трошоци што ги предвидува изведувачот мора да бидат приложени пред започнувањето на соработката. Сите услови се гарантирани со договор. Во случај на непредвидени трошоци, тие подлежат на покривање од страна на изведувачот.

Ако потребите на вашиот бизнис се променат по започнувањето на соработката, се прави нова пресметка и се постигнува нова согласност помеѓу изведувачот и купувачот. Условите на секој пакет ќе бидат експлицитно наведени во договор потпишан од двете страни. Секоја девијација без претходна согласност претставува основ за прекин на соработката.

2PeakVentures е деловното име зад кое стојам јас – Александар, креаторот, изведувачот и дизајнерот на сите проекти претставени тука. Оваа веб-страница претставува мое лично портфолио, со кое ги презентирам моите вештини и искуство во областа на веб-дизајн, фотографија и ИТ консалтинг. Доколку сакате да дознаете повеќе за мене и моето професионално искуство, посетете го мојот LinkedIn профил.

започни од само

50€

20€

30€

01-1

Дизајнирање и одржување на веб страници за микро и мали бизниси

– Фокус на функционалност и долгорочна подршка за фер цена.

– Искуство во дизајн и одржување на динамични страници.

– Пренос на знаење и транспарентност кроз сите чекори на изработката на една веб страница.

*Финалната пресметка за изведбата на една веб страница подлежи на дводелна согласност помеѓу изведувачот и клиентот – 2PeakVentures и Вас.

02-1

ФОТОГРАФИЈА

1. Услуги за сликање на настани и маркетинг кампањи.

2. Изнајмување на монтажна опрема за студио сликање.

1. Фото

Со долгогодишно искуство и квалитетна опрема. Нудиме целосен пакет на приготвување слики за маркетинг потреби. Перфектен избор за мали и средни бизниси за специјализирани маркетинг кампањи.

2. Изнајмување

За потреба на студио тип на сликање, нудиме можност изнајмување на опрема за сликање по екстремно ниски цени. Ако креативната слобода е преференција, оваа понуда е полн погодок за Вас.

*Локација: Битола

02-2

адаптибилност пред сѐ

03

Интеграциски Консултантски Услуги

– Порака од Александар, изведувачот на консултанските услуги под името 2PeakVentures:

Како Senior Integration Specialist со долгогодишно искуство во областа на системската интеграција, мојата работа е насочена кон создавање стабилни, скалабилни и интелигентно поврзани решенија кои овозможуваат непречен проток на податоци меѓу различни системи и апликации.

Моето портфолио опфаќа интеграција на деловни процеси и автоматизација преку напредни iPaaS платформи како што се:

  • Celigo – моќна алатка за интеграција со силен фокус на NetSuite екосистемот

  • SnapLogic – enterprise-grade платформа за интеграции базирани на податоци и API

  • Boomi – водечка iPaaS платформа за cloud и on-premise поврзување

  • Make.com (поранешно Integromat) – визуелен и флексибилен пристап кон автоматизација

  • Clay – модерна алатка за поврзување на web податоци и enriched workflows

Преку детална анализа и стратешки пристап, креирам решенија што помагаат организациите да:

  • Автоматизираат повторливи задачи

  • Намалат рачни грешки и подобрат ефикасност

  • Поврзат ERP, CRM и други клучни системи

  • Подобрат одлуки преку консолидирани и точни податоци

Моето работење секогаш се води од најдобрите практики, сигурност и транспарентна комуникација. Без разлика дали се работи за целосна интеграција или оптимизација на постоечки процес, мојот фокус е на испорака на решенија со долгорочна вредност.

Заинтересирани за соработка?